Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар и од Полициското одделение Чегране, денеска во 10:25 часот го лишиле од слобода А.Н.(54) од село Чајле.

-При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, пронајдени се марихуана и хашиш, спакувани за понатамошна продажба. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2024 22:12