Прес-службата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави извинување за погрешното име на Јужна Кореја на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

За време на парадата, спортистите од Јужна Кореја синоќа по грешка беа претставени како Северна Кореја.

- Би сакале длабоко да се извиниме за грешката што се случи при претставувањето на делегацијата на Јужна Кореја за време на церемонијата на отворањето, се вели во соопштението на ИОК на официјалните социјални медиуми на корејски јазик.

Олимписките игри се одржуваат во Париз од 26 јули до 11 август



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2024 12:24