Пливачот Никола Ѓуретановиќ е првиот Македонец кој настапи на Олимписките игри во Париз. Тој денес учествуваше во квалификациите во трката на 400 метри слободно и имаше симболичен настап.

Ѓуретановиќ пливаше во група со четворица други и на крајот заврши на последното место со време 4 минути пет секуни и 38 стотинки, скоро три секунди послабо од личниот рекорд.

Следна од македонските натпреварувачи на Игрите 2024 е Анастасија Мојсовска која утре ќе се појави во дисциплината стрелаштво - 10 метри воздушна пушка.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2024 14:04