Лина Ѓорческа во неизвесен меч го загуби денешното полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Фигеира да Фоз, Португалија што се игра за награден фонд од 100.000 долари.
Поуспешна од македонската тенисерка беше поранешната тенисерка број 10 Кристина Младеновиќ од Франција, која мечот го доби со 2:0, по сетови 6:4 и 7:5 за еден час и 44 минути игра.
Првиот сервис беше проблем за двете тенисери во мечот во кој Французинката имаше нешто подобар процент (58% наспроти 44% за Ѓорческа) што на крајот се покажа решавачко. Во таков меч Ѓорческа имаше 7 брејка од 12 можности, а Младеновиќ 9/16. Во текот на целиот меч дуваше силен ветар што им создаваше големи проблеми на двете тенисерки во играта.
Во првиот сет по осум одиграни гема ниту една тенисерка не освои гем на свој сервис, а во таков резултатски тек Ѓорческа водеше со еден гем предност. По 4:4 во гемот број 9 Младеновиќ го освои гемот на сервис поведе со 5:4, а потоа со нов брејк го доби првиот сет со 6:4 во гемови.
Почетокот на вториот сет беше сосема поинаков и по три гема водство за Младеновиќ, но сега тенисерките освојуваа гем на свој сервис. Французинката прва напррави брејк за водство од 3:1, но кога беше најпотребно во 10.гем на свој сервис Ѓорческа успеа да изедначи на 5:5. Но, сепак следните два гема и припаднаа на Младеновиќ за 7:5 во вториот сет и конечни 2-0 во сетови.
За пласманот во полуфиналето на турнир од рангот W100, Ѓорческа ќе освои 39 поени и најверојатно на новото рангирање ќе успее да влезе меѓу првите 200 тенисерки на ВТА листата.