Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томс Бах денеска во телефонски разговор му се извини на претседателот на Јужна Кореја Сук Јун-Јол за грешката при претставувањето на спортистите од земјата на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

Јун рече дека грешките како што е претставувањето на јужнокорејските спортисти како севернокорејски тим не смеат да се повторат, соопшти неговиот кабинет.

Тој нагласи дека жителите на Јужна Кореја, која беше домаќини и на Летни и на Зимски олимписки игри, се „изненадени и збунети“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2024 04:39