Првиот носител Новак Ѓоковиќ и осмиот фаворит Стефанос Циципас ја формираа првата двојка за четвртфиналната фаза на Олимписките игри во Париз.

Ова е епилогот по првите два денешни натпревари на тенискиот олимписки турнир.

Србинот беше поуспешен од Доминик Кефер од Германија со 7:5 и 6:3.

Грчкиот тенисер славеше победа над Себастијан баез од Аргентина со 7:5 и 6:1.

Мечот Ѓоковиќ – Циципас е закажан за утре



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2024 17:49