Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обелодени денеска дека најверојатно нема да настапи на претстојниот грен - слем УС Опен и навести дека неговата кариера би можела многу брзо да заврши.

Надал вчеравечер загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во машки двојки со сонародникот Карлос Алкараз и го заврши настапот на Игрите во Париз, откако претходно беше елиминиран во поединелчна конкуренција од Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе замине за Њујорк каде од 26 август до 6 септември на програмата е УС Опен, 38-годишниот Надал рече: „Изгледа дека не, но наскоро ќе ве известам. Засега не можам да ви дадам јасен одговор, ми треба малку време, но ми изгледа тешко“.

Надал потврди дека во септември ќе настапи на Лејвер купот во Берлин, каде пред две години од тенисот се прости легендарниот Швајцарец Роџер Федерер



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2024 14:15