Кога ќе се соберат последните два месеци, Лоренцо Музети е изненадувањето на сезоната. Четири последни турнири, четири успеси: финале на Квинс, полуфинале на Вимблдон, финале во Умаг, полуфинале на олимписки турнир. Тој вчера го спречи Александар Зверев да го одбрани златниот медал совладувајќи го со 7:5, 7:5.
Вечерва има борба за медал против Новак Ѓоковиќ, но веќе блеска од среќа.
- Играм најдобро во животот. Подготвен сум да го освојам медалот што го чекаме сто години, нагласи Италијанецот кој кога ја започна оваа серија веќе стигна до 16. место од 30.
Последен пат Италија освоила медал во тенис во Париз во 1924 година.
Во моментот кога Музети ги даваше своите изјави, дуелот на Ѓоковиќ со Стефанос Циципас не беше ни започнат, па тој не знаеше кој ќе му биде следен ривал, ниту дека српскиот тенисер повторно има проблеми со коленото.
- Неодамна загубив од Новак токму овде во пет сета. Беше голема борба и мислам дека пресуди разликата од третиот до петтиот сет во смисла на искуството и физичките можности. Олимпискиот турнир, пак, се игра во два добиени сета и очекувам тоа да ми помогне, изјави Музети.