Меѓународниот ракометен турнир Струга 2024 денес ги објави групите на учесниците на претстојното 52. издание што ќе се одржи од 14 до 17 август на отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“.
Во групата А бранителот на пехарот Вардар ќе се соочи со Ескилстуна Гуиф од Шведска и Тиквеш од Кавадарци.
Во Б групата силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер, грчки ПАОК, кој доаѓа како замена за АЕК кој го откажа учеството поради организациски причини, и домаќинот Струга.