Цената на килограм грозје „смедеревка“ со пресметаните 25 отсто ќе изнесува 18,3 денари, а цената на килограм грозје „вранец“ со пресметаните 25 отсто ќе изнесува 20,8 денари, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Појаснуваат дека ја земале предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25 отсто согласно Законот за вино.

- Да потсетиме дека производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) и по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет (Службен Весник 146/24). Претходно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски институт – Скопје за вршење на услугата, се вели во соопштението.

Од МЗШВ информираат дека за денеска најавена е средба со менаџментот на винските визби и откупувачи, каде ќе се дискутира за новите цени и откупот на грозје



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2024 04:25