Репрезентацијата на Шпанија е првиот учесник во полуфиналето на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Париз.
Шпанците до победата со 29:28 над Египет стигнаа по дополнителни 10 минути игра, откако основните 60 завршија нерешено 25:25.
Ракометарите на Египет имаат за што да жалат, бидејќи речиси цел натпревар беа во водство, највисокото изнесуваше четири голови разлика, а во последните секунди од второто полувреме промашија шут за победа.
Противник на Шпанија во полуфиналната фаза ќе биде поуспешниот од мечот Германија – Франција (почеток 13:30 часот).
Другите две четвртфинални двојки се: Данска – Шведска (17:30 часот) и Норвешка – Словенија (21:30 часот).