Германската машка ракометна репрезентација го шокираше бранителот на титулата Франција, совладувајќи го во четвртфиналето домаќинот на олимпискиот турнир со 35-34 (14-17, 29-29) по продолженија.
Ренарс Усинс беше херојот на Германија со 14 погодоци, вклучувајќи ги клучните голови на натпреварот во последната секунда од второто полувреме и победоносниот на шест секунди пред крајот на второто продолжение.
Франција ја загуби победата во финишот на регуларниот дел, кога на минута пред крајот имаше водство од 29-27.
Германија во петок во полуфиналето ќе игра против Шпанија, која претходно денеска го совлада Египет со 29-28 (8-12, 25-25)
Во двете преостанатите четвртфиналиња играат Данска – Шведска од 17:30 часот и Норвешка – Словенија од 21:30 часот.