Македонската ракометна репрезентација до 18 години, попладнево загуби од соодветната селекција на Германија со 25:19 на Европското првенство во Црна Гора

Македонците имаа сили само за едно полувреме. По 30 минути резултатот беше 10:9 за Германците кои доминираа во второто полувреме.

На овој натпревар Македонија беше ослабена. Не играше еден од најдобрите Дамјан Митев кој на вчерашниот меч со Франција се здоби со повреда на коленото.

За Германија ова е втора победа по два натпревара, македонската селекција има два пораза.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2024 15:57