Ракометниот клуб Вардар се пласираше во финалето на 52. издание на турнирот „Струга 2024“ откако го совладаа Ескилстуна Гуиф во полуфиналето со 31:18.
Избраниците на Владо Недановски не му дадоа никаква шанса на шведскиот тим и со убедливо издание си го трасираа патот до мечот за трофејот.
Маргели со седум гола беше прв стрелец на Вардар, Ќоевски постигна пет, додека голманите Гогов и Еспиња собраа вкупно 11 успешни интервенции.
Противник на „црвено-црните“ ќе им биде подобриот од мечот помеѓу ПАОК и Пелистер