Жителите на општината Бронкс во градот Њујорк забележаа зголемување на бројот на којотите ова летото, поради што некои посетители на познатиот парк Клермонт, на пр., стравуваат за својата и безбедноста на нивните миленици.
Сепак, Одделот за паркови и рекреација на Њујорк вели дека којотите се вообичаени низ целата сојузна држава Њујорк, вклучително и урбаните области. Според надлежните, при средба со којот, не треба да се паничи.
„Повеќето од нив не се опасни за луѓето... Нема причина да се верува дека којотите за коишто станува збор се нездрави (заболени или заразни, з.п.) или претставуваат закана за безбедноста на луѓето. Меѓутоа, како и со сите диви животни, ги советуваме сите (луѓе) да се држат на растојание и да избегнуваат блиска средба со животното“, се вели во соопштението.
Којотите, иако вообичаено живеат во дивината, и вон градовите, се присутни во Њујорк од 1930-тите, а некои од овие диви животни во Бронкс се населиле во 1990-тите, според наводите. Во последно време се забележуваат и во њујоршките општини Квинс и Менхетн