Грчката авиокоманија „Ејџијан Ерлајнс“ во зимската сезона ќе го намали бројот на летови на линијата Атина - Скопје, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“.
Како што пишува порталот, „Ејџијан Ерлајнс“ ќе ја опслужува релацијата четирипати неделно, што е намалување во однос на шесте летови неделно во претходната зимска сезона.
Нема промени во бројот на летови на „Ејџијан Ерлајнс“ на линијата Скопје - Сараево, каде се планирани по три во ноември и декември годинава и по два во јануари, февруари и март следната година.