Министерството за финансии информира дека во најкус можен рок ќе бидат ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“, појаснувајќи дека надлежниот сектор од Министерството заедно со економскиот оператор ангажиран за одржување на порталот работат на отстранување на техничкиот проблем којшто оневозможува пристап до податоците коишто се генерираат на порталот.
- Податоците коишто се објавуваат преку порталот „Отворени финансии“ како алатка за транспареност и понатаму ќе бидат достапни за јавноста. Јавноста ќе може да пребарува информации за реализација на буџетот, одделно по институции и извршени трансакции, стои во соопштението од МФ.
Порталот, се вели во соопштението, е промовиран со цел зголемување на транспарентноста на трошењето на буџетските средства, како и дека податоците се ажурираат редовно согласно утврдената динамика на објавување на одделните категории податоци.