Здружението за популаризација и промоција на кошарката „3×3 Basketball” и Општина Битола, викендов на плоштадот „Магнолија“ организираат турнир во кошарка.

Натпреварите почнаа со дуел на екипите „Молика“ од Битола и „Црн Дрим“ од Струга, а завршуваат вечерва со финале.

- Турнирот продолжува во 17 часот, полуфиналните натпревари се околу 20 часот, додека финалето е планирано да биде во 20:45 часот, кога и ќе бидат доделени наградите на победничката екипа. FIBA 3х3 баскетот е многу популарна форма на кошарка и број еден урбан спорт во светот, вели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Победниците ќе добијат парична награда од 2.000 евра, за освоено второ место награда од 1.000 евра, а пригодни подароци се обезбедени за сите учесници на натпреварите.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2024 04:45