Бројот на првачиња во општина Неготино е зголемен. Во основните училишта во оваа општина годинава се запишани 10 првачиња повеќе од лани.
- Со гордост можам да истакнам дека наспроти тенденцијата во цела држава на намалување на бројот на новозапишани ученици, во двете основни и подрачните училишта во општина Неготино се запишани 10 првачиња повеќе од минатата година. Лани биле запишани 169, а оваа година 179 првачиња, соопшти градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.
Посочи дека и годинава од буџетот на Општината обезбедени се средства за исплата на еднократна парична помош од по 3.000 денари за секое прваче, што деновиве ќе бидат префрлени на сметките на родителите.