Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во првиот уписен рок евидентира 856 кандидати со што исполнети се над 30 насто од планираните места за студенти бруцоши.

Најголем интерес за упис и годинава е регистриран на Факултетот за информатички и комуникациски технологии каде за 255 места конкурирале 124 студенти, додека најмал интерес за студирање е регистриран на Технолошко-техничкиот факултет во Велес каде се пријавиле 14 кандидати, на Економскиот факултет во Прилеп пријавен се 57 кандидати и на Биотехничкиот факултет во Битола само 25 кандидати со што понудените квоти се пополнети со околу 20 отсто од планираното.

Втор уписен рок ќе има на сите универзитетски единици на УКЛО-Битола и истиот ќе се реализира на 13 и 16 септември, а доколку има потреба на 24 септември ќе се организира и трет уписен рок, информираа од битолскиот Универзитет.

Од оваа академска година сите студенти на УКЛО ќе бидат дел од 125.000 студенти на европската универзитетска алијанса КОЛОРС



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2024 19:44