Почна да се гради платото за поставување на типските куќи во штипската населбата Света Недела. Во овие типски куќи треба да се сместат ромските семејства, кои сега живеат во импровизирани услови во старите објекти на Нервното одделение. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска изјави дека во моментов се изведуваат активности за бетонирање на платото, а потоа ќе следува и поставување на инфрструктура на типските објекти. Посочи дека во нив ќе бидат сместену околу 40 семејства. Проектот за изградба на типските куќи е финансиран со средства од Европската унија во износ од 600.000 евра.

-Проект за кој што повеќе од десет години се комуницира во јавност, веќе се изведуваат активности за бетонирање на платотот и поставување на инфраструктура на овие типски објекти, кои што се некаде околу 40 на број. Очекувам до крајот на годината истите да бидат поставени, изјави Јорданов.

Овде пред се ќе се сместат граѓаноте кои живеат во старото Нервно одделение, по што старите згради треба да се урнат, со цел да комплетно да се изгради булеварот „Партизанска“, во должина од еден километар. Овој европски проект се реализира во општините Штип и Берово



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2024 21:33