Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Од УХМР информираа дека во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови, според УХМР, следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Процесите, како што најавуваат, ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2024 07:10