Фирмата изведувач на градежните работи од проектот за Рехабилитација на железничкиот Коридор 8, информира дека и денескa ќе се врши минирање во близина на магистралниот пат А2 што ги поврзува општините Куманово и Крива Паланка.
Компанијата Гулермак, Анкара - Подружница во Скопје со Мактек ДООЕЛ информира дека ќе се реализира минирање во два термини, денес напладне и вечерва во 22 часот.
- Во рамките на програмата за информирање на засегнати страни во реализацијата на проектот "Изведба и завршување на преостанатите работи на втората делница, Бељаковце – Крива Паланка", како дел од градежните работи од проектот за Рехабилитација на железничкиот Коридор 8, подготовката за првото минирање отпочна во 10 часот, за минирање ќе изврши во 12 часот, додека второто е предвидено во 22 часот вечерва. Блокирање на сообраќајот нема да има заради безбедното растојание на кое ќе се врши минирањето. Им препорачуваме на локалните жители и транспортните возила на локалните компании во наведениот термин да бидат внимателни доколку поминуваат на овој дел од магистралниот пат, информираат од Гулермак.
Инаку, на потегот на магистралниот пат А2, Куманово - Крива Паланка кај клучката кај село Страцин, м.в. Чатал во тек се и градежни активности од проектот за изградба на експресниот пат Ранковце -Крива Паланка, а на горенаведената точка од патот се врши наизменично пропуштање на возила, без застој во сообраќајот. Регулирање на сообраќајот се врши со соодветно поставена светлосна сигнализација.