Статистичките показатели укажуваат дека криминалот врз дивиот свет во македонските шуми, криволовство и слично не се во намалување туку во зголемување посебно кога предмет на кривични дела се заштитените животински видови, информира за МИА Спасенка Андонова од Здружението на јавни обвиители по дводневната работилница во Велес, што ја организира Македонското Еколошко Друштво - МЕД, како заедничка активност во рамките на трите проекти Balkan detoh LIFE заедно со проектот Закрепнување на балканскиот рис и Цензусот на зимски птици.
Инаку овој проект на Balkan detox LIFE кој е финансиран од страна на LIFE програмата на ЕУ, е за борба против незаконска употреба на отрови, а освен во земјава се спроведува и во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција и Србија.
Како што оцени од Андонова, очигледно е дека казните коишто законодавецот ги предвидел при внесување на овие одредби во Кривичниот законик не се доволни за да ги одвратат постојните, но и идните сторители на кривични дела.
-Како заклучок е дека ќе треба да се размисли во поглед не ревидирање и на прекршочните одредби и на одредбите во Кривичниот законик кои го санкционираат ваквото делување. Една од можностите е преку казнувањето, но другата е преку превентивното делување - кампањи во таа насока за подигнување на јавната свест, појаснува Андонова.
Таа потенцира дека во крајна линија во тој дел можеби ќе помогнат и судски одлуки коишто ќе бидат донесени и ќе бидат една од можностите луѓето да се запознаат со информацијата дека ваквиот начин на постапување не може секогаш да заврши само во прекршочната сфера туку некогаш и во кривичната сфера и дека последиците по нив во тој дел се многу посериозни.
Андонова посочува дека најдрастична промена која е воведена во Законот е кривичното дело Екоцид за кое законодавецот предвидел доживотна затворска казна.
-Тоа е сериозно кривично дело кое е внесено со ратификување и прифаќање на многу европски директиви. Воедно и кривично дело кое е издигнато во својата казна на сторување на сериозни кривични дела за коишто законодавецот предвидел и доживотна затворска казна.Тоа е една од најдрастичните промени и измени во Кривичниот законик во тој дел,појасни Андонова.
Таа потенцира дека Екоцидот бара многу сериозен пристап и од истражителите, а подоцна и од обвинителите во насока на прибирање на докази за сторители и временски простор на сторување,локација и последиците кои што можат да се сврстат во категоријата на Екоцид
Екоцид е преземање на одредени противправни дејствувања против природата кои се остваруваат подолг временски период на поголема локација и за своја последица имаат неодреден број на оштетени-жртви.
Од Здружението на јавни обвинителиво оценија дека ваквите работилници се потребни да продолжат и како можност поблиску да се запознаат практичарите за практично постапување на терен. Воедно и да се знае на кој начин ќе се реализира најбрзо процедурата во секој поглед во зависност од еколошкиот криминилитет. Како што информира за МИА Александар Павлов од Македонското Еколошко Друштво - МЕД, главната цел на овие работилници кои се одржуваат во повеќе региони во земјава е преку овие активности да се изградат капцитети и да се подобри справувањето со случаи со труење на диви животни. Воедно и да се подигне свеста за сериозноста на овие настани да се подообри соработката и комуникацијата помеѓу релевантните чинители со цел да се намалат случаите и да се сочува дивиот свет, природата и човековото здравје. Организаторите на работилницата информираатдека поставувањето на отровни мамки е казнива пракса и вид на еколошки криминал со закон на Балканот. Во зависност од околностите сторителите можат да добијат високи парични, па дури и затворски казни. Во нашата држава казните можат да бидат по 1500 до 3000 евра или пак затворска казна од една до пет години. Од МЕД посочуваат дека нивното делување како првентивни мерки е да се подигне свеста за овие проблеми и да се понудат решенија Тие потенцираат дека постојат повеќе превентивни и безбедни решенија.Посочуваат дека овие мерки можат да ја намалат штетата нанесена на добитокот или дивечот и да помогнат со решавањето на конфликтите помеѓу човекот и дивите животни,особено предаторите. На работилницата со свои излагања по темата учествуваат и претставници на Државниот инспекторат за животна средина, од Државниот инспекторат за шумарство и ловство,од МВР од одделот за криминалистичка полиција ,како и од одделот за форензичко испитување како и од Академијата за судии и јавни обвинители и претставници од заштитените подрачја-Националните паркови и ловиштата во земјава. Сите учесници на крајот на работилницата се договорија за формирање на официјална работна група за борба против отрови,создавање и усвојување на стандардно-оперативни процедури за управување на случаи со труење.Воедно и за усвојување на постоечките акциски планови за борба против труење. Тие се договорија и за воспоставување на национални бази на податоци за случаи со труење на диви животни со цел мониторинг на ситуацијата,користење на GSP предаватели со цел брзо регистрирање на труење кај животните,. Посебно и за зајакнување на институционалните капацитети и ефикасноста на правосудството преку воведување на специфични тренинг програми во рамки на Академијата за борба против криминалот против дивиот свет.Како и за имплементација на активностите за подигање на свеста на општата јавност и релевантните чинители