Полициски службеници од ОВР - Кавадарци синоќа пронашле тело на починато машко лице во атар на кавадаречкото село Ваташа, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

По преземени мерки и препознавање од семејството, утврдено било дека се работи за 80-годишниот А.В. од Ваташа. На 26 август, неговиот 57-годишен син В.В. пријавил дека тој се оддалечил од домот.

Како што појаснуваат од СВР - Велес, по овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР - Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2024 05:50