Закупувачите на штандови на манифестацијата „ЕГЗИТ“, која се одржува утревечер во Струмица задолжително да користат одобрен фискален апарат и во доволен број, да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса и најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет кај носителот на платен промет, да издаваат фискални сметки. Исто така на видно место да имаат истакнато соопштение со кое ги информираат купувачите за нивната обврска да бараат фискални сметки, беше соопштено по денешната заедничка средба на закупците на штандови, претставници на Општина Струмица и Регионалната дирекција на УЈП во Струмица.

Според заменик директорот на Регионалната дирекција, Александар Николов, УЈП како институција постапува превентивно и укажува на доброволно почитување на даночните закони.

- Покрај закупувачите на штандови, физичките лица кои ќе вршат продажба на производи од времен карактер (храна,пуканки,крофни) пред да почнат со дејноста да поднесат барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер, во подрачната единица на УЈП. Врз основа на поднесеното барање УЈП издава решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход, со прилог налози за плаќање на данокот за остарениот приход во периодот додека ја вршеле дејноста, изјави Николов.

Инаку, од УЈП потсетуваат дека глобите за непоставување и некористење на фискален апарат се движат од 600 до 10 илјади евра во денарска противредност во зависност од големината на трговецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2024 19:26