Од Лондон ни доаѓа изненадувачка вест. Челси не го пријави најдобриот фудбалер Кол Палмер за првата фаза од Конференциската лига.
Вистина е дека „сините“ се главни фаворити за освојување на натпреварувањето, дека нивните мечеви се „мачкина кашлица“ против Гент, Шамрок, Ханденхајм, Ноа и Панатинаикос, но многумина овој потег со Палмер го протолкуваа како потценување.
Не само на ривалите, туку и воопшто на натпреварувањето под покровителство на УЕФА, иако трето по квалитет и со тоа се крена прашина во јавноста. Таа одлука на Челси предизвика голема помпа, толку што започнаа и бран критики.
Беше Палмер на ЕП, му го скратија одморот, но низ истото минуваат и многу други клубови, па не се решија на такво нешто. Челси реши дека може да ја заврши лигашката фаза без својата прва ѕвезда и го изостави него, како и Весли Фофана и Ромео Лавија.
Доколку лондонскиот тим помине, како што се очекува, Челси ќе има право да ги пријави во нокаут фазата