Килијан Мбапе е целосно фокусиран на претстојната сезона на клупски план со Реал Мадрид и на интернационално ниво со Франција, откако напаѓачот и „петлите“ не успеаја да стигнат до европската титула летото, а тој самиот го скрши носот пред почетокот на турнир во Германија.
Мбапе помина седум години во Пари Сен Жермен и летово си замина како слободен играч. Тој направи трансфер во Реал Мадрид, со кој веќе освои трофеј - Суперкупот на Европа.
-Работите одат добро во Мадрид, веќе освоивме еден trofej. Мојата форма е се подобра и подобра. Давам голови за мојот клуб, но во моментов целата моја концентрација е префрлена на репрезентацијата“, изјави напаѓачот.
Франција во следните четири дена ќе се соочи со Италија и Белгија во Лигата на нации.