Францускиот напаѓач во редовите Реал Мадрид, Килијан Мбапе изјави денеска дека е среќен од неговата игра за тимот.

„Среќен сум, сè оди одлично. Веќе освоивме трофеј. Продолжувам да станувам сè подобар и подобар. Давам голови, сè оди одлично“, изјави Мбапе за француските медиуми.

Мбапе дојде во Реал Мадрид од ПСЖ во јуни оваа година и оттогаш 25-годишниот напаѓач одигра пет натпревари за Кралскиот клуб на кои постигна три голови.

На 15 август заедно со својот нов тим го освои Суперкупот на УЕФА, совладувајќи ја Аталанта (2:0).

Договорот на Французинот со Реал е до 30 јуни 2029 година



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2024 02:23