Баерн Минхен ја отфрлил можноста да го ангажира новото засилување на Ливерпул, Федерико Киеза, тврди „Билд“. Италијанскиот интернационалец се покажа непотребен во Јувентус, а неговиот агент прв им го понуди на Баварците.

На „Алијанц Арена“ сметаа дека крилниот напаѓач ги нема потребните квалитети за да го подигне нивото на офанзивната моќ на тимот.

Баерн тоа лето го ангажираше Мајкл Олисе од Кристал Палас. Раководството на германскиот гигант работеше и на потписот на Дезире Дуе и Чави Симонс, но не успеаја во обидите да ги донесат во Минхен



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2024 04:28