Голем скандал го тресе германскиот фудбал, а според тамошните медиуми, дури 17 натпревари во Германија се под истрага за местење.
Како што се наведува, Германскиот фудбалски сојуз покренал истрага, а во склоп на неа има дури 17 натпревари кои се одиграле во германските лиги.
Главно се работи за дуели во третото натпреварување, како и во пониските лиги, но некои натпревари одиграни во Бундеслигата и Цвајт би можеле да бидат под лупа на истражителите.
Се наведува и дека одредени дефанзивци намерно грешеле и пропуштале играчи, а во целата шема биле вклучени и голманите кои им дозволувале на ривалите да постигнуваат голови.
Ова не би било првпат Германија да се најде во центарот на фудбалски скандал поврзан со местење, а претходно тоа беше во случајот „Хојцер“ кога судијата Роберт Хојцер призна дека учествувал во местењето на дури девет натпревари во оваа земја