Харм Осмерс, 39-годишниот германски арбитер, ќе го суди вториот овосезонски натпревар македонските фудбалери во Лигата на нации, кога ќе ја пречекаат Ерменија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Натпреварот ќе се игра во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути, а македонската репрезентација ќе се обиде да ја забележи премиерната победа во групата Ц4, откако денеска во воведниот натпревар на гостински терен одигра нерешено 1-1 против Фарски острови.

Осмерс од 2016 година суди натпревари во Бундеслигата, а со знакот на ФИФА е од 2020 година



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2024 05:28