Англиски фудбалски прволигаш Тотенхем е заинтересиран да го донесе во своите редови данскиот дефанзивец на италијански Лече, Патрик Доргу, објави на социјалните мрежи трансфер експертот Фабрицио Романо.

Тотенхем не е единствениот голем клуб кој покажува интерес за 19-годишниот дански фудбалер. Неговиот развој го следат и италијанските Јувентус и Милан, но засега не се решиле да ја платат цената од 30-35 милиони евра која ја бара Лече.

Доргу се приклучи на младинската академија на италијанскиот клуб во 2022 година, а една година подоцна беше откупен за 200 илјади евра.

Договорот на Патрик Доргу со Лече е до јуни 2027 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2024 17:41