Во организација на Општина Велес и ансамблот „Распеани велешани“, во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес се одржа традиционална вечер на „Староградски македонски песни 2024“, на која учествуваа градските ансамбли „Распеани Велешани“, „Распеани Валандовчани“ и „Распеани Гевгеличани“.

Оваа традиционална вечер на „Староградски македонски песни“, потенцираа организаторите, има за цел да ја зачува и популаризира староградската македонска песна и да биде аманет за младите генерции.

Вечерта ја водеше новинарката Божана Ќулавкова од Радио Голди, која публиката ја информира за постанокот и развојот на македонската староградска песна.

Сите овие ансамбли на староградски македонски песни, кои порано беа повеќе од десетина во сите поголеми и помали градови, се формирани во 1971 година, а „Распеани велешани“ се меѓу првите.

Овој ансамбл со години наназад ја нагува велешката и македонска староградска песна, но неопходна му е обнова со млади пеачи на македонски песни кои би ја продоолжиле долгата 53 годишна традиција на ансамблот „Распеани велешани“, кој зад себе има бројни настапи и има издадено неколку плочи.

Вечерта на „Староградски македонски песни 2024“ беше по повод празникот на независноста на земјава - 8 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2024 18:31