Италијанската крајбрежна стража пронашла шест тела во близина на брегот на Сицилија, за кои се верува дека се некои од 21 мигрант исчезнати за време на бродоломот на почетокот на овој месец, јавија денеска италијанските медиуми.

Италијанската крајбрежна стража во средата соопшти дека седум мажи, сите сириски државјани, биле извлечени од полупотопен брод југозападно од островот Лампедуза по бродолом.

Преживеаните им кажале на спасувачите дека ја напуштиле Либија на 1 септември и дека 21 од 28-те луѓе на бродот, меѓу кои и три деца, паднале во морето поради невремето.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2024 05:25