Легендата на францускиот фудбал Зинедин Зидан обелодени во јавноста дека не се согласил да го преземе Манчестер Јунајтед поради јазичната бариера.

Францускиот тренер и поранешен репрезентативец изјави дека разбира англиски, но не го владее јазикот на ниво за ефективно да го предводи премиерлигашот од „Олд Трафорд“.

„Би сакал да раководам со Манчестер Јунајтед. Разбирам англиски, но не го зборувам течно. Знам дека има тренери кои доаѓаат во клубот без да зборуваат странски јазик, но јас работам поинаку. Во глобален контекст, победата се состои од многу детали и знам што е неопходно“, рече Зидан во интервју за францускиот весник Л’Екип.

Зидан е без тренерски ангажман од летото 2021 година, кога по вторпат го напушти Реал Мадрид. Тој двапати го предводеше Кралскиот клуб, од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2024 05:44