Македонската фудбалска репрезентација утревечер на Националната арена во Скопје ја пречекува Ерменија во рамки на вториот натпревар во Ц дивизијата во Лигата на нации.
По воведното разочарувачко реми на гостински терен против Фарски Острови, избраниците на селекторот Благоја Милевски се пред императив со победа над директниот конкурент да го задржат шансите за освојување на првото место во групата Ц4.
Селекторот Милевски на денешната официјална прес – конференција рече дека репрезентативците се ментално силни и подготвени со победа над Ерменија да го анулирират негативниот резултат во Торашвн.
„Секако дека ментално не е сменето ништо, познавајќи ги моите фудбалери, тие се подготвени за секој нов предизвик. Имаме резултатско разочарување, но без потценување на Летонија и Фарски, Острови мислам дека директните дуели против Ерменија ќе го одлучат патникот во следната фаза. Нашите мисли се фокусирани кон Ерменија и она што може да го очекуваме на теренот. Сигурен сум дека ќе одиграме победнички, бидејќи секогаш кога сме биле под притисок овие момци и тоа како знаеле да се покажат на најдобар начин“, изјави Милевски“.
Утрешниот натпревар ќе стартува во 20:45 часот, а главен судија ќе биде Германецот Харм Осмерс