Играчот од средниот ред на Хрватска и Реал Мадрид, Лука Модриќ одговори на прашањето дали размислува да се откаже од фудбалот.
-Никогаш не се знае со мене. Не можам да размислувам за иднината. Кога веќе нема да го чувствувам огнот во себе, ќе се повлечам од фудбалот. Само јас можам да го почувствувам тој оган и да донесам одлука, изјави Модриќ.
Триесет и девет годишниот Хрват го постигна единствениот гол на натпреварот од Лигата на нации против Полска, кој се одигра во неделата.
Избраниците на Златко Далиќ освоија 3 бода и се искачија на второто место во групата 1.