Македонија се подготвува најдоцна до 2050 година да ja укине употребата на јаглен за своите енергетски потреби и да ги запази роковите на ЕУ за транзиација кон обновливи извори на енергија, изјави денеска првиот потпретседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџети на настан во Вашингтон.
-Нашата економија треба да транзитира од употребата на јаглен до 2050 година, изјави тој на панел во рамките на Конферецијата за енергетската безбедност во Централна и Источна Европа организирана од Атлантскиот совет во Вашингтон.
Според него, Владата исто така работи на гасниот коридор југ-север за завршување на гасоводот од Грција.
-Ние работиме со нашите соседи Грција и Србија за да се потпреме на еден алтенранивен независен извор на енергија како гасот, рече Меџети.
На конференијата се дискутираше за трансатлантската трговија и енергијата. Главните теми беа прогресот со воведување на обновливите извори на енергија во ЕУ за запирање на климатските промени и политиките околу тоа, транзицијата од фосилните горива како суровата нафта и запазувањето на роковите на регулаторите за употреба на електричните и хибридните возила во транспортот на ЕУ.