Најмногу дожд денеска наврнало во Ѓуриште - 24 л/м2, а по дождот има пад и на температурите на воздухот. Па така најтопло денеска беше во Охрид, Битола и Кавадарци каде се измерени 22 степени. Дождливото време ќе продолжи до крајот на неделава.

До 17 часот во Велес наврнаа 11 л/м2 дожд, во Гевгелија - 9, во Штип - 8, во Крива Паланка, Кавадарци и Виница - 7, во Скопје-Зајчев Рид - 6, на Попова Шапка и Крушево - 5, во Тетово - 4, во Струмица и Прилеп - 3, во Охрид и Тополчани - 2, и најмалку дожд имало во Битола, Маврови Анови и Лазарополе.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2024 04:31