Полскиот фудбалски репрезентативец Никола Залевски ќе остане во редовите на Рома, откако италијанскиот прволигаш ја одби понудата од турскиот гигант Галатасарај за играчот, пренесуваат денеска италијанските медиуми.
Според весникот „Ил Месаџеро“, Рома не ја прифатила понудата од осум милиони евра плус два милиони евра во бонуси, кои вклучуваат и процент од идната препродажба.
Галатасарај му понуди на Залевски плата од два милиони евра плус бонуси по сезона.
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси даде зелено светло за трансфер на Залевски поради силната конкуренција во тимот, но двата клуба успеаја да постигнат договор.