Португалскиот фудбалски прволигаш Боависта остана без двајца голмани кои се здобија со сериозни повреди на коленото на денешниот тренинг.
Жоао Гонкалвеш (23) и Луис Пирес 19) се здобија со сериозни повреди на коленото, за кои е потребна операција и долго закрепнување.
Двајцата голмани, како што соопшти Спортинг, ги повредија предните вкрстени лигаменти.
„Голманите ќе бидат оперирани во следните неколку денови и се очекува долг период на закрепнување за двајцата играчи“, соопштија од клубот.
Гонкалвеш е првиот голман на клубот, кој ги одигра сите 34 првенствени натпревари минатата сезона, и првите четири натпревари од новата сезона.