Дел од Тетово во правец и во околината на основното училиште ,,Андреја Савески-Ќиќиш" над 30 часа беа снабдување со електрична поради дефект на трафостаница. Струја во овие домаќинства снемало на пладне во средата, а снабдувањето продолжило од вечерва по 18 часот и 30 минути.

-Поради испад на среднонапонски блок, вчера без напон со електрична енергија останаа трафостаницата „Кикиш” и „Тетово 1”. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и за кратко време го нормализираа напојувањето на трафостаницата „Тетово 1”, а санацијата на другата трафостаница траеше подолго поради сериозната штета која настана како резултат на испадот. Трафостаницата „Кикиш” се пушти под напон денес околу 18:30 часот, со што корисниците добија сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија, информираа од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа.

Граѓаните со допис до нашата редакција реагираат дека претрпеле штети поради долготрајниот прекин во снабдувањето со електрична енергија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2024 05:06