Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“со голема тага ја прими жалосната вест за смртта на нашиот драг пријател и министер во првата влада на Република Македонија, господинот Илија Андонов Ченто.
Изразуваме длабоко сочуство до семејството и ја делиме со нив нивната тага во овие тешки моменти.
Ќе остане запаметен како еден од најискусните политичари кои со својот капацитет, искуство и истрајност придинесе за градењето на независна и суверена Република Македонија, и истовремено најстар син на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.