Поранешниот репрезентативец на Македонија, Адис Јаховиќ (37) потпиша за Нерлидере.
Се работи за состав од пониските лиги во Турција, а претходно во оваа земја ги носеше дресовите на Гезтепе, Коњаспор, Јени Малатијаспор, Анталијаспор и Бодрумспор.
Јаховиќ во својата долгогодишна кариера настапуваше за тимови од Македонија, БиХ, Швајцарија, Укриана, Русија и Хрватска.
За репрезентацијата на Македонија настапи на 19 натпревари.