Лирој Сане, играчот од средниот ред на Баерн Минхен, наскоро би можел да се врати во Премиер лигата.

Германскиот репрезентативец има проблеми со повреди, но би требало да му биде на располагање на тренерот Винсен Компани за натпреварот против Холштајн Кил денеска.

Договорот на Сане истекува на крајот од оваа сезона, а тој наводно веќе добил две интересни понуди од Англија. За неговите услуги се заинтересирани Арсенал и Њукасл.

Според правилата, Сане во јануари може да потпише преддоговор со клуб надвор од Германија, со цел од лето да ја промени срединта. И Арсенал и Њукасл сакаат што поскоро да ги договорат личните услови со Сане, нудејќи му огромни суми на пари.

Според извори од Германија, Сане нема да брза со одлуката, бидејќи сака да види како ќе се одвива соработката со Компани



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2024 05:35