Поранешниот долгогодишен фудбалер и капитен на Јувентус, Џорџо Киелини, се врати во италијанскиот гигант во улога на менаџер.

„Се вратив дома, во друга форма и улога, Јувентус е дел од мене“, објави синоќа Киелини на социјалните мрежи.

Тој ќе ја извршува административната улога на директор за институционални односи на Јувентус. Киелини со Јувентус одигра 561 натпревари, а освои девет титули во Серија А, пет во Купот на Италија и двапати стигна до финалето на Лигата на шампиони (2015, 2017).

Киелини ја заврши својата фудбалска кариера минатата година, додека настапуваше за Лос Анџелес



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2024 12:11