Градот Штип кој е синоним за текстилната и модната индустрија на 30 септември, 1 и 2 октомври организира „Shtip fashion days”. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова на денешната прес-конференција изјави дека своите брендови ќе ги презентираат модни компании од Штип, а ќе учествуваат и студентите со две модни ревии од Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип.

-Овој настан е со цел да се изврши реинкарнација на текстилната индустрија во нашиот град, всушност и самото име и слоганот на настанот е реинкарнација, затоа што општината има потреба од реинкарнирање на текстилната индустрија, со којашто ќе се зајакне локалната економија. Затоа и оваа година ги вклучуваме поголемите текстилни компании, со надеж дека наредната година ќе имаме уште поголем број на учесници и уште поголем број на локални компании, коишто решиле да произведуваат сопствени брендови, вели Шорова-Ангелова.

Таа посочи дека денеска се одржа и официјална фото сесија на којашто неколку македонски инфуленсери ги презентираа брендовите на штипските модни компании.

-Што значи јавноста за кратко време ќе има можност да погледне се она што ќе се случува на 30 септември и на 1, 2 октомври во Штип и тоа во рамки на поранешната фабрика „Македонка“, изјави Шорова-Ангелова.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2024 14:38