Очигледно е дека после дебаклот на последните избори СДСМ тотално го загуби правецот на делување и тоа се гледа во последните нивни политики, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од собранискита говорници каде што се дискутира за законското решение за заемот од 500 милиони евра од унгарската влада.
Петрушевски истакна дека е срамота за еден поранешен вице премиер за економски прашања, обраќајќи му се на пратеникот Фатмир Битиќи, да излегува на говорница и да критикува за некакво задолжување, најпрвин од причина што во негово време, неговата влада го дуплира јавниот долг на Република Македонија од 4,7 милијарди евра на 8,9 милијарди евра.
„Стамота е што затоа што ова задолжување од 500 милиони евра е предвидено во буџетот кој што предложи и го донесе претходното мнозинство. 500 милиони евра стојат како финансирање во нивниот буџет. Да се зборува за тајност за едно задолжување кое што беше најавено уште во предизборниот период, за едно задолжување за кое што се дебатира со месеци е смешно“, рече Петрушевски.
Меѓутоа, додаде тој, тоа е така затоа што свесни се дека ова задолжување е далеку поевтино од сите нивни претхотни задолжувања, затоа што неговата влада на овој поранешен вице премиер замо од јануари до јуни 2024 година, за само шест месеци направија вкупни трошоци за камати во буџетот од 182 милиони евра, а во истиот период во 2023 година биле 108 милиони евра, а во 2022 биле 83 милиони евра.
„И да биде парадоксот поголем, го критикува задолжувањето без да спомене ниту една бројка. Па, зошто почитуван поранешен вице премиере не кажете дека се работи за задолжување со каматна стапка од 3,25%, далеку најевтина каматна стапка за било какво можно задолжување? Зошто не ги кажете поволностите кои што се однесуваатна три годишен грејс период и 15 години рок на отплата? Очигледно затоа што не ви оди во прилог. Уште еднаш, повикот за општините е објавен, со коморите е договорено, парите ќе се инвестираат кај граѓаните и во македонската економија“, рече Петрушевски.