Раководството на Рома му изгласа доверба на тренерот Даниеле Де Роси и покрај лошиот старт на сезоната, пишува денеска весникот „Ил Месаџеро“.

Римскиот клуб сè уште е без победа од почетокот на сезоната во Серија А и се наоѓа во долната половина на табелата.

Сопствениците на клубот Ден и Рајан Фридкин пристигнаа во Рим за да ја увидат ситуацијата во клубот, но нивната посета наводно била однапред договорена и не била поврзана со слабите резултати на тимот.

Посетата на Фридкин е повеќе во врска со проектот за новиот стадион на Рома, пишуваат италијанските медиуми. Според информациите, браќата Фридкин имаат целосна доверба во Де Роси и веруваат дека тренерот ќе ја изведе Рома од резултатската криза



Автор: Администратор
Објавено на: 17/09/2024 14:57